Уште 50 гостиварци со симптоми на труење, се препорачува флаширана вода за пиење

од desk4
106 прегледи
Педесетина нови лица со симптоми на повраќање, дијареа и покачена температура, се регистрирани во изминатотo деноноќие во гостиварската општа болница, со што бројката на затруени се искачи на близу 500, објави телевизија Алфа.
Првичните анализи на водата во Гостивар, покажа нормални параметри, но сепак, во скопската референтна лабораторија, испратени се нови мостри, и се прават дополнителни испитувања, бидејќи водата од градскиот водовод и натаму е единствениот сомнеж за труењето.
Конечните анализи се очекува да бидат готови за 2- 3 денa. Дотогаш, надлежните препорачуваат да се пие исклучиво флаширана вода.