
Премногу ретко се случува да ја видиме риалити ѕвездата во слична светлина, односно Ким Кардашиан да е без шминка и без брендирана облека. Риалити ѕвездата секогаш настојува да се појавува со идеален изглед и со соодветна фризура и визија.
Можеби се сеќавате што се случи кога папараците ја снимија на плажа и притоа го покажаа нејзиниот целулит. Дури се проговори дека поради таквата кожа таа изгубила десетици илјади долари.

Со нејзиниот маж Кание Вест се заканија дека ќе ги судат фотографите, бидејќи според нив кадрите биле намерно минати низ Photoshop за да изгледа толку лошо.
Сепак на социјалните мрежи, иако ретко се појавуваат фотографии на кои Ким е далеку од сликата на идеална жена, во интерес на вистината – фановите ја поздравуваат и се радуваат најмногу токму кога е во такво издание.

Така еве се појавија и слики, на кои таа е во тренерки и со минимална козметика, најверојатно е снимена по тренинг во Беверли Хилс.
Судејќи според фотографиите, косата на ѕвездата не е ништо посебно направена, специјалистите тврдат дека кренатите веѓи и затегната кожа на лицето се должат на неодамнешни процедури со ботокс.