
Спонзори на владејачката во Велика Британија Конзервативна партија ја повикуваат британската премиерка Тереза Меј да излезе од преговорите за Брегзит без постигнат договор, ако тој се покаже неповолен за Лондон, соопштува The Observer.
Според податоците на весникот, некои евроскептици конзервативци се незадоволни од бавното темпо на разговорите за Брегзит и инсистираат за задржување на можноста за едностран излез од ЕУ.
„Ако со преговарачите од ЕУ биде склучен уште еден лош и неповолен договор, проблемите нема да исчезнат, туку едноставно ќе останат да бидат проблем за следните генерации.
Сценариото за излез од ЕУ без договор ќе нè ослободи и ќе предизвика да ги искористиме мноштвото можности кои се отвораат пред Велика Британија “, изјави конзервативецот Мајкл Фармер, член на Домот на лордовите.
„ЕУ го саботира нацрт-законот на Брегзит, зајакнувајќи го неподносливиот политички притисок започнат уште мај месец. И се уште не знаеме ќе имаме ли трговскиот договор поволен за Велика Британија “, изјави Џереми Хоскинг, еден од спонзорите на конзервативците, кој ја финансира кампањата.