Има многу теории   за заговор се за смртта на Џон Ф. Кенеди. Неколку од нив беа погрешни. Но, малкумина очекуваат дека декласификацијата на архивите за неговото убиство ќе донесе нешто сензационално.

И до денес тој е сметан за убиецот на Џон Кенеди – Ли Харви Освалд, поранешен воен, служел неколку години во морнарицата на САД. За време на нападот, тој имал 24 години. Освалд бил  заинтересирани за идеите на марксизмот и дури живеел неколку години во Советскиот Сојуз.

Сепак: Дали е можно едно лице да го планира и изврши убиството на американскиот претседател?

Извештајот на Ворен комисијата

Недела по атентатот на претседателот Линдон Џонсон формира  специјална комисија под водство на високиот судија Ерл Ворен да го истражува случајот. Во 1964 година комисијата излегува со заклучок дека атентатот е дело на еден сторител – Ли Харви Освалд, кој неколку недели пред фаталниот 22 ноември 1963 започнал работа во еден магацин за учебници во Далас. Токму од таму биле чуени  истрелите против претседателот Кенеди, а во просторијата истражителите пронашле три празни чаури и оружјето на злосторството со отпечатоци од прсти на Освалд врз него. Тој, исто така, се соочил  и со описите на очевидци кои го забележале на еден од прозорците на зградата.

Но, постојат бројни аргументи против верзијата дека Освалд дејствувал сам. На пример, тој не само што не го признал злосторството, туку дури и негираше дека го сторил тоа. Инспекторите сепак така и не успеале да го испрашаат подетално, бидејќи при неговиот трансфер во затвор е застрелан од човек по име Џек Руби – на јавно место и пред камерите на голем број телевизии. Кратко потоа, Освалд починува во болницата од неговите рани.

Имаше ли и втор стрелач?

 Само минута и половина откако се слушаат  истрелите, полицаец веќе е во складиштето за учебници. Но тој ниту е возбудиме, ниту е заплашен. Неколку сведоци на нападот тврдат дека се слушнале истрели од спротивната страна – од малкото возвишение . Имало ли зад него втор стрелец? Освен тоа вториот истрел   на Освалд не само што го допре грлото на претседателот Кенеди, но нанел и неколку рани и на гувернерот на Тексас Џон Конели, кој  седел на предното седиште – пред Џон Кенеди. Критичарите не веруваат во постоењето на некаков “магичен куршум” кој на неколку пати  си ја  сменил траекторијата .

Токму  тие неодговорени прашања   и постоечките противречности кои остануваат необјаснети, предизвикуваат сомнеж  во официјалната верзија за атентатот. Истото важи и за ликвидација на наводниот сторител на нападот, застрелан пред многу луѓе. Неразјаснети во доволна мера е исто мотивот на Освалд, тврди Берлинскиот историчар Кнуд Кракау. А според истражувањето спроведено во 2013 година, повеќе од половина испитаници американски граѓани изразиле сомнеж во веродостојноста на теоријата за еден  сторител на атентатот против Кенеди.

Беа Русите? Или атентатот на 35-тиот претседател на САД е работата на американската мафија? И можеби гарантите треба да ги бараат  во редовите на ЦИА? Има дури и луѓе кои се убедени дека вонземјаните го убиле Кенеди. Верзии како што сакате. Но, ништо од ова не е докажано.

Алтернативни теории – дури и повеќе неубедливи

 САД слават 100 години од раѓањето на Џон Ф. Кенеди На 29 мај се слави 100-тиот роденден

Во меѓувреме нови детали можат да објаснат некои од мистериите, на пример околу т. Нар. “Магичен куршум”: пред се  за тоа дека д  претседателот Кенеди и гувернерот Коноли седеле на иста висина во колата. Во најновите податоци сепак  се зборува  за тоа дека Коноли   седел на дополнителни седишта, кое  билао на 5 сантиметри пониско од седиштето на Кенеди. Покрај тоа, тој се сврте десно во моментот на ударот. Ако го земеме сето ова предвид, тогаш вториот истрел  на Освалд навистина би можел да нанесе повреди  на гувернерот на Тексас.

Од објавувањето на извештајот на Ворен во 1964 година се направени и други истраги. Но, историчарите и понатаму веруваат во теоријата дека Освалд дејствувал сам. И причината за ова, според Кнуд Кракау, е дека алтернативните теории се “уште не се  обезбедни”.

Нема да има сензационални откровенија

Многумина очекуваат дека декласификацијата на архивите сега ќе одговори на голем број прашања. На пример: зошто ЦИА го следеше Освалд непосредно пред атентатот? дали се направени грешки, кои потоа требаше да бидат маскирани; што беше Ли Харви Освалд во Мексико седум недели пред нападот и дали се обидува да добие советска виза?

А можеби обелоденувањето ќе одговори и на прашањето, кои претседателот Доналд Трамп ги навести уште во предизборната кампања во 2016 година, имено, дека таткото на внатрепартиските му конкурент Тед Круз бил поврзан со Освалд.

Без разлика што точно ќе прочитаме во овие архиви, едно е сигурно: дека секоја од страните во случајот со убиството на Џон Кенеди ќе најде аргументи во своја полза.