„Избирачко место 2433 кое се наоѓа во основното училиште „Дитурија“, во општина Сарај, се отвори во 8:30 минути, отакако дојдоа две возила, а лицата кои излегоа од возилата не носеа никакви легитимации и беџеви, пришто во избирачкото место внесоа една ќеса во која не можеше да се види што има“ информираат од Цивил.

Според набљудувачи на Цивил вратата била заклучена и немало можност воопшто да се влезе, ниту било што да се праша. Оваа избирачко место се отворило откако си заминале лицата кои го донеле ќесето и тогаш започнало гласањето.
„Од спротивната страна на улицата од местото како што се гласа, се наоѓа штаб на една партија“, регистрираат од Цивил.