МОСТ забележа помали неправилности при гласањето

од desk2
61 прегледи

Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега бие забележани помали неправилности на неколку гласачки места.

Во село Дебреште, општина Долнени, на едно гласачко место биле забележани 9 случаи на семејно гласање при што се злоупотребени 27 гласа.

„Дополнително, на ова место се забележани 2 случаи во кои лицата кои им асистирале на гласачите кои не можеле да гласаат сами не биле заведени во Дневникот од избирачкото место.

Во ГМ 1472, село Лажани, општина Долнени, имало 9 случаи на групно гласање во кои се злоупотребени 20 гласови“, велат од МОСТ.

Во с. Видовиште, општина Зрновци, на едно гласачко место три гласачи биле обележани на левата, наместо на десната рака.

Во општина Шуто Оризари пак, на едно место е забележано неовластено лице кое агитирало во гласачкото место.

Забележано е и фотографирање на гласачки ливчиња на гласачкото место 1531, општина Пробиштип и 2959, во општина Шуто Оризари.