Повеќе брачни двојки денеска беа венчани во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје на групна венчавка за православни верници кои се во граѓански брак, а од разни причини не биле венчани во црква.

Брачните двојки добија осветена икона од Пресвета Богородица, а за највозрасниот брачен пар беше подготвен посебен подарок. Групната венчавка ја организираше Скопската епархија на Македонската православна црква- Охридска архиепископија.
Граѓаните кои имаа желба за црковна венчавка претходно беа пријавени кај парохиските свештеници.