
На гласачко место во Тетовско заради немање струја во регионот на Шар планина гласачкиот процес би можел да биде доведен во прашање, пренесува телевизија Алсат.
Според информациите, локалната изборна комисија од гласачкото место е во постојан контакт со екипите на ЕВН, од каде добиле информација дека се работи на отстранување на дефектот.
Инаку, во Тетово до 16 часот гласањето се одвива тековно и без изборни нерегуларности.