ДУИ: Изборите демократски, граѓаните слободно ја изразија својата волја

од desk4
70 прегледи

Оценката на ДУИ е дека изборите беа демократски, а граѓаните слободно ја изразија својата волја, изјави шефот на изборниот штаб на партијата Арбр Адеми по затворањето на гласачките места во вториот круг од локалните избори.

– Владата на Република Македонија покажа демократски капацитети за организирање демократски избори. Гласањето веќе е затворено и процесот на броење на гласовите е започнат, рече Адеми.

Додаде дека кога партијата ќе ги има првите резултати, ќе ги сподели со јавноста.