Ким Јонг-ун посети фабрика за козметика

од desk2
230 прегледи

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун посети фабрика за козметика во Пјонгјанг, а во негово друштво беа неговата сопруга Ри Сол-ју и неговата сестра Ким Јо-јонг, пишува BBC.

Државните медиуми објавија фотографии од посетата во неделата, а двете споменати жени ретко се појавуваат во јавност.

Јо-јонг се појави недолго откако доби нова моќна позиција во севернокорејската влада.

Странските луксузни производи, вклучително и козметиката полека исчезнуваат од Северна Кореја, поради санкциите од Обединетите нации.

Во последните неколку години многу земји престанаа да извезуваат луксузна стока во Северна Кореја, што исто така е одредено со санкциите. Но, земјата очигледно развила сопствена козметичка индустрија, а локалните брендови Bomhyanggi и Unhasu станаа многу популарни.

Иако, Ким Јон-ун главно се појавува на фотографии од воени објекти со ракети пред лансирање, оваа посета на фабрика за козметика е добра пропаганда. Се појавуваше и во други фабрики а државните медиуми известуваа за значителен напредок на производството на 3D телевизори и смартфони.

Целта е да се покаже дека Северна Кореја може да се грижи за сопствениот народ и да им парира на Пекинг и на Сеул, истакнува аналитичарот Анкит Панда.

За време на посетата Ким ја пофали фабриката и рече дека произведува козметика која е на светско ниво.