Пожар на ридот Љубаш кај Кавадарци

од desk2
108 прегледи

Пожар зафати околу два хектара нискостеблеста шума, претежно бор, на ридот Љубаш кај Кавадарци. Командирот на Територијалната противпожарна единица Илчо Богевски информира дека прават напори огнот да не се прошири.

– На лице место интервенираме со четворица пожарникари, како и по двајца работници од подружницата на Македонски шуми, Кожувчанка и Фени. Тука се и четири противпожарни возила – вели Богевски.