Заев победи во 56 општини, Груевски само во 5

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Владејачката партија во Република Македонија Социјалдемократскиот сојуз / СДСМ / на премиерот Зоран Заев го потврди изборниот успех и за време на вториот круг од локалните избори, што се одржа во неделата  во 35 општини.

Претседателот на Државната изборна комисија / ДИК / Александар Чичаковски утрово соопшти дека СДСМ победи во 19 општини, Демократската унија за интеграција / ДУИ / на Али Ахмети во 8, Алијанста на Албнаците  на Зијдин Села во 3. ДПА и Движењето “Беса” заработи повеќе еден, а  градоначалник. ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски победи во 2 општини.

Во првиот круг партијата на Зоран Заев освои во сите поголеми градови на земјата – Скопје, Битола, Охрид, Куманово , Штип Струмица, Прилеп…

Во следните 4 години СДСМ ќе управува во 56 општини, ДУИ во 10, ВМРО-ДПМНЕ во 5, Алијансата на Албанците  сојуз во 3, а Движењето “Беса”, ДПА и Демократската партија на Турците / ДПТ / во една општина. Три   општини освоија независни кандидати.

Кавадарци е единствениот голем град во кој победи на ВМРО-ДПМНЕ.

Штом беа објавени првите резултати, Груевски даде посебна изјава. Тој рече дека “не ги признава резултатите од изборите”, амма и не се откажува од освоените места што советнички што градонаќалнички. Тие биле чист а другите што ги загубил биле недемократски .Груевски побара “враќање на демократијата и достоинството во земјата” и одржување предвремени парламентарни избори да бидат организирани од официјална влада како што се случи на 11 декември 2016 година.

Сепак демократската јавнсст тоа го дефинираа како негов дефокус и бегање од оставка која од него се погласно ја бара неговото членство.
Зијадан Села, исто така, рече дека нема да ги признае резултатите.Тој еуфорично, по својот пораз  изјави од Струга дека  ЗАев се ујдисал со ДУИ и не му помогнал, ама од неговата партија сепак дека сака да си остане  во власта и дури и нјаваи дека би го земал министерското место на Таравари кој го напушта поради градоначалничкото место во Гостивар.


Сепак, лидерот на СДДСМ Зоран Заев утврди дека гласовите биле кристално,чисти и кредибилни   демократски и фер”. Македонија оди во вистинската насока и тоа е една голема победа за граѓаните на земјата, рече Заев и повика ВМРО-ДПМНЕ да ја преиспита својата позиција и да се однесува како одговорна политичка партија, која ќе има конструктивно
однесување.

“Локалните избори немаат никаква врска со централната власт. Нема да има предвремени избори”, истакна лидерот на СДСМ.
Претседателот на Беса, Билал Касами, рече дека “постои политичка партија на Албанците, ДУИ, која стана сателит на СДСМ”.
Претседателот на парламентот, Талат Џафери, изрази задоволство од европскиот начин на гласање во земјата.
Апсолутно ги отфрлам со индигнација сите наводи, на било кој политичар кој сака да ги инволвира полицајците во изборната кампања, не се вклучува ниту еден полицаец во кампањата на било која политичка партија во Македонија, тврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во синоќешиот настапа на Тв Телма, алудирајќи на забелешките од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

ЛАГА е ! Апсолутно отфрлам се дека полицијата била инволвирана во изборна кампања !

Во првиот круг СДСМ освои 37 градоначалнички места, ВМРО-ДПМНЕ – три, Демократската унија за
интеграција (ДУИ) – две, граѓански комитети – две и Демократската партија на Турците – едно.

Партиите уште денеска можат да поднесат приговори до Државната изборна комисија (ДИК) за вториот круг од локланите избори. На веб – страницата на Комисијата до утрово нема внесено приговори за вториот круг од изборите за градоначалници иако некои кандидати веќе најавија.

ДИК, по приемот на приговорите е должна во рок од 48 часа да донесе одлука.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Рокот од 24 часа за поднесување приговори за повреда на личното избирачко право истече. На денот на изборите поднесени се четири приговори од граѓани кои не биле запишани во Избирачкиот список, но Комисијата ги одбила зашто граѓаните извадиле лични документи по завршувањето на јавниот увид.

д