НАТО ќе го контролира црногорскиот воздушен простор . Ова беше јасно кажано со изјавата на црногорскиот министер за одбрана, Предраг Бошковиќ, цитиран од АП.

 

Според него, Грција и Италија како земји-членки ќе се зафатата со оваа мисија, како што тоа  го направија и претходно  .Договорот со нив допрва треба да биде потпишан. Ова нема да чини ништо за земјата.

Црна Гора е најновиот член на Алијансата од јуни оваа година, и се случи  и покрај противењата на Русија.

По одвојувањето од Србија во 2006 година, Црна Гора остана без борбени авиони.

Трошоците за членство  се  475.000 евра годишно, а ова е поевтин систем на заштита, смета  министерот.