Суспендираниот каталонски претседател Карлес Пучдемон се наоѓа во Белгија, потврди адвокатот кој го ангажирал, пренесе BBC.

Адвокатот Пол Бекерт ни ги коментиаше шпекулациите сега Пучдемон планира да побара азил. Шпанскиот обвинител го тужи за побуна, како и другите организаторите на забранетиот референдум за независност.
Шпанската централна влада ја презеде директната контрола над Каталонија во понеделник и ги замени отпуштените функционери. Исто така, суспендирана е автономијата на овој регион, а побарани се нови избори откако Пучдемон и неговата влада прогласија независност на Каталонија минатата седмица.
Бекерт рече дека Пучдемон сега се наоѓа во Брисел, во главниот град на Белгија.
„Јас сум негов адвокат доколку му треба мојата помош. Во овој момент нема одредени документи кои ги подготвувам за него“, изјави Бекерт.
Белгискиот министер за имиграција Тео Франкен за време на викендот рече дека апликацијата за азил не е нереална, но премиерот Шарл Мишел подоцна рече дека тоа апсолутно не е во план.