Кремљ по прв пат се огласи по повод истрагата за наводното мешање на Русија во американските избори за претседател и порача дека тоа е внатрешна работа на САД.

„Обвинувањата на сметк на тимот на Трамп за кампањата се внатрешна работа на САД и не се однесуваат на Русија. Би сакале да не нѐ мешаат во тоа“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според него, Москва ја следи ситуацијата и засега не гледа дека Русија се спомнува во обвиненијата кои се отпечатени во понеделникот.
„Секако, не би сакале да бидеме вмешани во овие процеси и се надеваме дека тие ќе придонесат на ескалирачката русофобна хистерија“, рече Песков.
Истовремено, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров рече дека не се изнесени никакви докажи дека Русија се обидела да се вмеша во американските избори.
Во текот на денот се очекува објава на податоци за пропагандата која е платена со руски пари преку Фејсбук, а како што пишува „Гардијан“, Фејсбук верува дека на 120 лажни руски страници поставени се околу 80.000 постови, кои стигнале до 29 милиони Американци директно, а уште 100 милиони преку споделувања и поврзувања.