Поради службени обврски на в.д. претседателката на Апелацискиот суд, Лилјана Ивановска Шопова, беше одложена денешната јавна седница во скопска апелација, на кое што требаше да се расправа дали „бомбите“ може да се користат како доказ во предметот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Од тројцата судии кои треба да одлучуваат за овој предмет, на јавната седница присуствуваа судиите Јани Нича и Африм Фидани, како и четворицата адвокати кои ги застапуваат обвинетите.
Судењето е одложено за утре во 9 и 30 часот.
Освен Канческа-Милевска во „Тендери“ обвинети се и Лидија Лазарова-Цветковска и Јулијана Угриновска. На крајот на септември кривичниот совет кој го оценува обвинителниот акт, чиј претседател е судијата Ивица Стефановски, го прифатија предлогот на адвокатите на Елизабета Канческа-Милевска, бомбите кои не беа јавно објавени да не бидат доказ во постапката. Апелација претходно одби да го преиначи решението на Основниот суд Скопје 1 и не им определи пртивор на Канческа и Лазарова-Цветковска.