Поради постоење на основи на сомнение, Основното јавно обвинителство Скопје презема дејствија против повеќе инволвирани лица кои овозможиле незаконско приватизирање на земјиште во сопственост на една општина, соопштија од Обвинителството.

– На приватизацијата претходела постапка за утврдување на статусот на незаконско изградени три објекти, која била реализирана спротивно на закон. Како резултат на оваа постапка извршена е легализација на објектите и приватизација на земјиштето. Со тоа е овозможено земјиштето да биде откупено по цена од 1 евро/м2, додека пазарната цена на лицитација по редовна постапка би била значително повисока, велат од Обвинителството.
Како што објавија повеќе медиуми, утринава беше уапсен поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, за злоупотреба на службената положба и овластувањата, во врска со незаконска пренамена на земјиште на територијата на општината, а биле приведени уште неколку лица.