Повеќе од милијарда луѓе би можеле да бидат присилени да ги напуштат своите домови поради глобалното затоплување, покажа новото истражување.

Миграциите, како и различните ефекти од климатските промени може да бидат причина за огромни здравствени кризи.
Многумина сметаат дека глобалното затоплување ќе доведе до екстремни промени во количеството дождови и промени на температурите, што може да влијае и на можноста за обработување на земјата.
Во студијата која ја објави американскиот магазин The Lancet се наведува дека миграциите предизвикани од климатските промени имаат потенцијално големо влијание на физичкото и менталното здравје и директно, но и низ промените на основните здравствени и социјални услуги.
Во студијата се наведува и дека од 2000 до 2016 година бројот на временските катастрофи пораснал за 46 отсто. Климатските промени ја зголемија и опасноста од заразни болести.
Со оглед на тоа дека климатските промени може да имаат големо влијание на здравјето на луѓето, во студијата се апелира на владите навремено да реагираат за да го исчистат воздухот и да ги решат другите проблеми на животната средина пред да биде доцна.