По конститутивната седницата тепачка во дворот на општина Охрид

од desk4
119 прегледи

По завршетокот на конститутивната седница на Советот на општина Охрид , во дворот на општинската зграда дошло до помала физичка пресметка. Неофицијално во неа учестувал еден од советниците и друго лице активист и член на СДСМ Охрид, објави Охрид1.

Полицијата пристигнала на лице место и во моментов врши увид.

Се очекува СВР да излезе со официјални информации.

Инцидентот е снимен на сигурносните камери поставени на објектот на општина Охрид , а полицијата ќе ги преземи видео материјалите – дознава Охрид1 од извори во истрагата.