Изгоре уште една ѕвезда: Дастин Хофман е обвинет за сексуално насилство на дете

од desk4
173 прегледи

Познатиот холивудски актер Дастин Хофман е обвинет за сексуално малтретирање на 17-годишно девојче. Ова го пишува Hollywood Reporter. Малтретирањето се случило во 1985 година, тврди жртвата Ана Хантер.

Тогаш таа работела како асистент-продуцент на сетот на филмот Смртта на продавачот. Според зборовите на Хантер, за време на снимањето Хофман и обраќал посебно внимание,  со неа отворено разговарал за секс и правел обиди да ја фати за задникот.

Хофман ги негира обвинувањата, но однапред и се извинува на девојката и нагласува дека ги почитува правата на жените.

Актерот додава дека во моментов е многу загрижен што девојката можеби имала непријатни емоции, кои можеби биле поради неговите постапки. Последниве неколку месеци „епидемија на малтретирање во Холивуд доби нова динамика

Се прво тргна од скандалот со продуцентот Харви Вајнштајн, кој десетици жени го обвинија за сексуално малтретирање. Подоцна, актерот Ентони Реп го обвини Кевин Спејси, а како резултат на тоа снимките од серијата „Куќа од карти се замрзнати поради скандалот.