Авиокомпанијата Рајанер соопшти дека компензациите на патниците за откажаните летови и новите договорите за пилотите ќе ги чини најмалку 70 милиони евра во следните шест месеци.

Рајанер, поради процедурална грешка, мораше да откаже илјадници летови, до која дојде кога во исто време ги испратија своите пилоти на годишен одмор.
Подоцна следуваа и дополнителни откажувања, па на крај над 800.000 луѓе останаа без своите летови. Рајанер на патниците ќе треба да им исплати вкупно 25 милиони евра отштета.