Бијонсе ќе го позајми гласот на Нала во римејкот на „Кралот Лав“

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Бијонсе ќе го даде својот глас на Лавицата Нала во играниот римејк на анимираниот филм “Кралот Лав”, рече пејачката. На страната на Фејсбук, ѕвездата сподели статија со актерски фотографии. Меѓу другите ѕвезди на лентата се и Доналд Гловер, кој ќе позајми гласот на Симба, Џејмс Ерл Џонс во улогата на Муфаса и Чуетел Еџиофор како Скар.

Комичарот Џон Оливер ќе го одигра папагалот Зазу, а другите култни ликови – Тимон и Пумба, се доверени на Сет Роуган и Били Ајхнер.

“Сон на секој режисер е да обедини талентиран тим како овој, за да ја врати во живот оваа класична приказна”, изјави режисерот Џон Фавро, на кого “Дизни” му го довери и играниот римејк на “Книга за џунглата” од 2016 година.

“Кралот Лав” е еден од најуспешните анимирани филмови во историјата со светски приход од нешто помалку од една милијарда долари. Лентата доби награда “Оскар” за песната на Сер Елтон Џон “Can You Feel the Love Tonight” и за музика на композиторот Ханс Цимер, како и две награди “Греми”.