Флип Темелковски денеска ја презеде функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода од Билјана Беличанец Алексиќ која раководеше со овој дел од градот во изминатите четири години.

По доделувањето на Уверението од страна на Општинската изборна комисија, Темелковски и Алексиќ имаа заедничка средба.
– Ќе работиме во интерес на сите граѓани и се надевам дека ќе имаме консензус со сите членови на Советот и заедно ќе покажеме како може да се развива Кисела Вода, истакна градоначалникот.
Општинската изборна комисија денеска им ги врачи решенијата и на новите советници на Советот на Општина Кисела Вода.