Седуммина полесно повредени во три сообраќајки во Скопје

од Vladimir Zorba
78 прегледи

   Седум лица се полесно повредени во три од вкупно 13 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во 10 била причинета материјална штета.

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триесет и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи не ги почитувале светлосно сигналните уреди, односно поминале на црвено светло на семафор, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 16 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и шест возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото. Затекнати биле 53 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 73 возила.

Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ООУ „Коле Неделковски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар.