
Минатата година, за време на ревијата на Викторија сикрет во Париз, Јасмин Тукс ја доби честа да го носи најскапиот градник вреден милиони, а оваа година таа чест ја има Лаисе Рибеиро
Убавицата беше избрана да го носи т.н. Fantasy Bra, која е кулминација на секоја од ревиите на брендот.
Скапоцениот градник, кој оваа година се нарекува „Champagne Nights“, беше создаден од либанската златара Муваад.
Тој е оценет на 2 милиони долари. Градникот – производот е покриен со позлатени лисја, сафири, топаз и дијаманти, вкупно во вредност од 600 карати и 6.000 скапоцени камења.
За него биле потребни 350 часа работа, а накитот и градникот биле изработени рачно. Официјално градникот ќе го видиме на 28 ноември.
Лаисе Рибеиро очигледно е исклучително среќна што таа е избрана да го носи најскапиот градник на Викторија Сикрет, а одлуката за нејзиниот избор го сподели на нејзиниот профил на Instagram.
Сите фотографии од Лаис Рибеиро со градникот вреден 2 милиони долари може да се видат во галеријата.