
На 11 октомври единица на славниот сириски шеик Мубарак уништил караван на „Ен-Нусра“ на границата на Хама и Идлиб. Сега ви ја нудиме историјата за митскиот племенски водач.
Историјата на прославениот шеикот Амир Халид Мохаммед е пример на човек, кој изминал долг и тежок пат во името на својот народ племето, кое брои 400 илјади лица и во чие име е потпишан мировен договор со владините сили.
Шеик Мубарак е лидер на племето „Бени Халид“. Пред него племенски водач бил неговиот татко, но во 2010 година тој наполнил 78 година и со согласност на потчинетите лидери од племето своите овластувања ги предал на неговиот син.
Татко му беше почитуван човек, во два мандата бил пратеник во сирискиот парламент, одржувал одлични односи со Хафез Асад, таткото на претседателот Башар ал Асад. Племето „Бени Халид“ живее на територија на двете провинции Хама и Идлиб.
Не се знае точната бројка, но во 54 села живеат околу 350-400 илјади лица. Во неговите овластувања влегло решавање на прашања кои биле битни на племенско ниво и се под надлежност на државата. На пример наскоро се обнови струјата во сите негови населби.
Зборот на лидерот е закон за племето, но дојдените терористи веднаш се обиделе да ги нарушат односите, да го поткопаат авторитетот на Мубарак и да посеат анархија меѓу племето. Отпрвин тие донекаде успеале, но шеикот ги обесхрабрил. Тој вратил многумина кои поминале во редовите на терористите и тоа поради само една причина – плата.
Пред две години шеикот Мубарак се поврзал со владиниот офицер за безбедност на аеродромот во Хама, каде бил сместен руски Центар за примирјето. Тој го замолил за средба, а таа се остварила таму и Мубарак изразил желба за помош односно терористите да бидат протерани од неговата територија. Во таа пригода бил потпишан договор за пристапување кон режимот и за прекин на огнот.
Со своите бунтовници Мубарак успева да го исполниле ветеното. Тој успеал да избрка неколку групи. Притоа некои се обиделе да го киднапираат, но неговите од племето го спасувале. Потоа се зазеле да ја закрепнат инфраструктурата.
На пример иако беше обновена електрична енергија, речиси секаде треба да се менува инсталацијата и тој испратил барање до властите. Добро е што во селата се задржани државните институции и тие биле во добра состојба.
Училиштата и болниците не прекинале да функционираат, но на сите им требало поправка. Шеик Мубарак безусловно ја поддржа амнестијата за бунтовниците, но под одредени услови и не за сите.
Категоричен е дека таа е неопходна. Ако луѓето во блиско време се вратат кон мирниот живот и не се плашат за својата иднина, тогаш враќањето кон предвоеното ниво било можно уште до крајот на оваа година. Ако државата прогласи амнестија и во однос на поседување оружје, луѓето постепено требало да го предадат, откако ќе сфатат дека тоа повеќе не им е потребно.