Денес е денот X?

од desk4
109 прегледи

Северна Кореја ја опиша идната нуклеарно катастрофа на територијата на САД, а писмо упатено од Пентагон ги подготвува Американците за евентуалната војна, при што илјадници ќе загинат за веме на инвазијата. Инвазијата е единствената начин за уништување на нуклеарниот арсенал на Северна Кореја

Денешниот ден се покажа како исклучително напорен по вербалните војни меѓу САД и Северна Кореја. Првично американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Северна Кореја, а одговорот од Пјонгкјан не задоцни, но беше исклучително застрашувачки. Сега, писмо уште еднаш го отпушти стравот од воен конфликт.

Според Пентагон единствениот начин САД да ја разберат големината на севернокорејскиот нуклеарен арсенал е да ја уништат преку терестријална инвазија.

Министерството за одбрана на САД ја направи оваа претпоставка и во писмото до конгресмените, во кое тие посакуваа да дознаат повеќе за логистика и можната загуба на човечки животи во случај на конфликт со Северна Кореја, се посочуваат сите последици, пренесува Voice of America.

Писмото од контра-адмирал Мајкл Џ. Дјумон од заедничката команда на генералштабовите на САД покажува дека има класифицирани настани а ова е најдобро место за деталното разгледување на можностите на САД и на нивните сојузници во контра можноста на Северна Кореја да одговори на опасноста со нуклеарно оружје и тоа треба да се елиминира, уништи нуклеарното оружје на Северна Кореја, лоцирано во длабоки подземни локации , пишува изворот.

Претходно конгресменот-демократ од државата Аризона, изјави дека е важно луѓето да разберат како би изгледала војната со нуклеарна сила. Според него, во првите нејзини денови е можно да загинат 300 илјади луѓе, а од нив 100 илјади ќе се американски граѓани„.

Неговиот колега-демократ од истата држава Рубен Галего изјави дека конгресмените сакаат да имаат целосна транспарентност и информации за тоа што би се случило ако нашите лидери направат погрешни пресметки.

Во меѓувреме пак американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака помош од страна на рускиот колега Владимир Путин за Северна Кореја.