Г-7 со предупредување: Така влијаат врз нас климатските промени

од desk4
102 прегледи

Министрите за здравство од земјите на Г7 издадоа заедничка изјава во која се наведува дека климатските фактори влијаат врз здравјето на луѓето.

За време на министерската средба во Милано, италијанскиот министер за здравство Беатриче Лоренцин изјави дека министрите успеале да изработат формулација, која е прифатлива и за САД, и ги признаваат разликите во мислењата, кои се позадина на повлекувањето на Вашингтон од договор за климата.

Лоренцин оваа го нарече голема политичка работа, да се дојде до документ кој потсетува на позицијата на САД за прашањата на климатските промени и сепак го прифаќа влијанието на климатските фактори врз здравјето на луѓето.

Во завршната декларација се наведува дека факторите поврзани со климата и животната средина, може да ги влошат постоечките здравствени ризици и да создадат нови закани, како и тоа се додава дека било разговарано за потребата од подигнувањето на свеста за влијанието на овие фактори врз здравјето.