Загина Зоран Стефановски во сообраќајна несреќа

од Vladimir Zorba
107 прегледи

 Во  тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер околу еден часот по полноќ во Скопје,загина Зоран Стефановски (1963), долгогодишен  работник во медиумсксата заедница и штотуку вработен советник  во секторот за односи со јавност во Владата на РМ.

До несреќата дошло кога Стефановски со својот автомобил „рено меган“  движејќи се по булеварот Никола Карев кај хотелот „Континентал “ излетал од патот и удрил во рекламен  билборд, по што веднаш бил пренесен во ГОБ „Свети Наум Охридски“, каде била констатирана смрт.

Зоран Стефановски од 2007 до 2012 година беше претседател на Советот за радиодифузија, и активен работник во одбрана на стандардите и професионализмот во медиумите.

Денеска на пладне ќе биде погребан на  градски гробишта во Прилеп.