Димовски: Нема да дадеме предлог за потпретседател на Собранието

од desk2
110 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи никој за едно од петте потпретседателски места на Собранието, иако на опозицијата ѝ следува место по Деловникот, изјави пратеникот и координатор на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во брифинг за новинарите.

Тој појасни дека опозицијата не се согласува со предлогот, па нема да учевствува во изборот на потпретседателите.

„Кажавме дека сме против тоа да има пет потпретседатели на Собранието. Нема да го поддржиме овој предлог и нема да го пополниме местото со наш предлог. Ние одамна укажуваме дека Собранието не функционира како што треба. Вчерашниот настан, кога не беа изгласани препораките за подобрување на човековите права, е потврда за тоа. Да имаше пратеници, но смешно е што не дадоа поддршка,“ додаде Димовски.

Пратеникот посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува на истиот став во однос на употребата на законот за јазиците.

„Кога ќе дојде на дневен ред законот за јазиците, пратениците на опозицијата ќе гласаат против него поднесен во ваква форма“, рече тој.

Димовски не сакаше да зборува детално за обвинувањето од новиот градоначалник на Велес, Аце Коцевски, дека до Скопје патувал со шофер на сметка на Општината, па само кусо коментира дека Коцевски ова го изнел поради личен анимозитет кон него.