АМСМ: Задутре можен штрајк на граничните премини кон Грција

од desk4
71 прегледи

За задутре е најавен можен штрајк на граничните премини со Грција, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во вечерниот извештај за состојбата на патиштата.

АМСМ наведува дека штрајкот ќе почне во четврток наутро во пет часот и ќе трае до 23 часот на ГП „Дојрани“, а на премините „Ники“ и „Евзони“ до пет часот наредниот ден.

Според АМСМ, на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено пo суви коловози