Во сред Кина Трамп прогласи Ден на жртвите од комунизмот

од desk2
131 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп го прогласи денешниот ден за Ден на жртвите од комунизмот, по повод 100-годишнината од Октомвриската револуција во Русија.

„Во претходните 100 години, комунистичкиот тоталитарен режим ширум светот уби повеќе од 100 милиони луѓе и изложи уште неброено многу на експлоатација, насилство и невидено уништување. Денес се сеќаваме на сите оние кои умреле и сите кои продолжуваат да страдаат под комунизмот“, соопшти белата куќа, пренесе AFP.

Белата куќа го објави соопштението ден пред претседателот Трамп да ја напушти Јужна Кореа и да замине за Кина, која е комунистичка држава од 1949 година.

Претседателот Трамп моментално се наоѓа на 12 дневна турнеја низ Азија.

Трамп претходно го нарече кинескиот претседател Си Џинпинг пријател, а денеска го пофали, велејќи дека многу помага во решавањето на кризата со Северна Кореја.