
– Партијата за движење на Турците во Република Македонија соопшти дека нејзиниот претседател Аднан Ќахил нема да се кандидира за нов мандат на претстојниот редовен конгрес, со цел да им даде можност и поддршка на помладите кадри во партијата.
Партијата денеска имала состанок на Централниот одбор, на кој било одлучено третиот редовен конгрес да се одржи на 19 ноември во х. „Александар палас“ во Скопје.
– Партијата, како дел од коалицијата предводена од СДСМ, постигна задоволувачки резултати на парламентарните избори, со што зазема важна улога како во Владата, така и во државните институции, додека на изминатите локални избори имаше, исто така, значаен успех со што стана дел и од локалната власт, информира Партијата за движење на Турците во РМ.