Холивуд падна во тага: Почина девојка на најпознатиот таен агент 007 Џејмс Бонд

од desk4
142 прегледи

Германската актерка и поранешна девојка на Бонд, Карин Дор починала на 79-годишна возраст, соопштуваат светските медиуми. Дор е родена во Висбаден во 1938 година. Филмската кариера ја започнала во 1954 година. Традиционално толкувала улоги на невини хероини кои имаат потреба од заштита. Меѓународна слава добила со улогата на непријателската агентка Хелга Брант во филмот Човек живее само два пати, кој е снимен во (1967) и му припаѓа на серијалот посветен на најпознатиот таен агент 007. Улогата на Џејмс Бонд му беше доделена на Шон Конери.

Карин Дор, исто така, глумеше во холивудскиот шпионски трилер Топаз на Алфред Хичкок снимен во (1969). Во првата деценија на новиот век, Дор повторно се појавува на сцената, толкувајќи улоги во неколку филмови.