
– Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од југозападен правец. По одделни котлини со појава на утринска магла. Во вечерните ќе има зголемување на облачноста.
Температурата ќе се движи од 10 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од југозападен правец. Температурата ќе достигне до 15 степени.
Од сабота следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе дува и умерен претежно јужен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат ноќта в сабота кон недела. Од вторник ветерот ќе го промени правецот во северен, дневната темпертура ќе опадне за неколку степени, ќе има пообилни врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места во западните и северните делови ќе има услови за врнежи и од снег