– Американскиот претседател Доналд Трамп на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг изрази увереност дека има решение на кризата со Северна Кореја.
– Верувам, како и Вие, дека има решение за тоа, му порача Трамп на Си, имајќи ја предвид Северна Кореја.
САД и Кина заедно можат да ги решат светските проблеми „за многу, многу идни години“.
– Верувам дека можеме да ги решиме повеќето од нив, а веројатно и сите, додаде тој.
Си на Трамп му порача дека соработката меѓу двете земји е единствен правилен избор и оти однoсите меѓу Кина и САД навлегле во нова историска почетка точка.
– Сметаме дека кинеско-американските односи се важни за благосостојбата на народите на двете земји, како и за мирот, просперитетот и стабилноста на светот, изјави кинескиот претседател.
Тој додаде дека Кина сака да работи со САД за Северна Кореја, Авганистан и за други меѓународни проблеми.
Двајцата претседатели во Пекинг потпишаа и повеќе трговски договори во вредност од 253,4 милијарди долари. Потпишани се договори од областа на енергетиката, производство на автомобили, аеронаутика, прехранбената индустрија и електроника.