Премиерот Зоран Заев најави нова американско-индиска инвестиција во земјава, кои би отвориле фабрика за производство на електрични скутери.

– Во сериозни преговори сме со американскоиндикса компанија за производство на електрични скутери во земјава – рече Заев.
Според него, светот се врти кон употреба и производство на електрични возила, па Македонија тоа треба да го искористи.
Оваа инвестиција премиерот ја најави на прес-конфернецијата на која го претстави Предлог- буџетот за 2018 година.
Во тој контекст, вицепремиерот Кочо Анѓушев одговараше на прашање за обвинувањата од опозицијата дека царината за акумулатори за електрични возила се укинува заради лични интереси, односи заради профит на неговата фирма „Брако“, при што рече дека се работи само за акумулатори за електрични возила, не за сите акумулатори, а дека треба да се излезе во пресрет на пазарот, кој се врти кон производство на електрични возила.
„Европската регулатива подразбира никаде за литиумските акумулатори нема царина, зошто кога увезувате електрично возило, целото возило е ослободено од царина или сега треба Македонија треба да стане заложник и да не го примени европскиот царински правилник заради тоа што потпретседателот на владата има таква фабрика“, вели Кочо Анѓушев.