(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Рашковски му доделиле државно земјиште на Кочо Анѓушев

од desk2
104 прегледи

Зоран Заев и Драги Рашковски на 7-ми ноември по пат на непосредна спогодба, или народно кажано во четири очи, му доделиле државно земјиште на Кочо Анѓушев кој пак е сопственик на фирмата „МХИ Тополки ДООЕЛ Скопје“, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Драги Рашковски како генерален секретар лично му ја потпишал одлуката на вицепремиерот Анѓушев за доделување на земјиштето на долготраен закуп. Но она што го прави овој случај уште поскандалозен е она што ние ја запознавме јавноста уште пред извесно време, а тоа е дека се изведуваа градежни работи на земјиштето многу порано од пред да биде доделено на седница на влада. Очигледно кога се во прашање бизнисите на газда Анѓушев ниту важат, ниту се почитуваат законите. Анѓушев многу порано знаел дека ќе го добие токму тоа земјиште за да може лично да се богати“, рече Павлинче Честојнова.

Таа смета дека ова не е прв случај Кочо Анѓушев да ја користи својата вицепремиерска позиција за да лично да се збогати на грбот на граѓаните.

Потсети дека веднаш по доаѓањето на позицијата си додели тендер на својата фирма преку државната ЕЛЕМ, за потоа да си донесе одлука да не се царини производ кој само неговата фирма го произведува во државата.