
На самитот во Азија и Пацификот во Виетнам, Москва и Вашингтон се согласија дека нема воено решение за сирискиот конфликт , според текстот на заедничката декларација, објавена на веб-страницата на Кремљ.

“Зборувавме за време на тркалезната маса. Изгледа дека имаме многу добри чувства еден кон друг и добри односи, со оглед дека не се познаваме добро “, додава Трамп имајќо предвид дека тој и Путин имале два или три многу кратки разговори.
Трамп укажува на повторената забелешка на Путин дека тој не интервенирал на минатогодишните претседателски избори во САД и додава дека односите со Русија се важни.
“Тоа всушност би била прекрасна работа … бидејќи тоа навистина може да ни помогне во Северна Кореја. Имаме голем проблем со Северна Кореја и Кина ни помага “, рече Трамп. “Ако и Русија ни помага во прилог на Кина, овој проблем ќе исчезне многу побрзо”.

Рускиот претседател, од своја страна, коментираше дека имал нормален дијалог со американскиот лидер и го опишал Трамп како цивилизирана, образована личност со која лесно може да се разбере.
На брифинг за новинарите во крајот на средбата, Путин додава дека се уште има потреба од понатамошни контакти меѓу САД и Русија, како на ниво на шефови, така и на нивните претставници, за да разговараат за прашања, вклучувајќи поврзани со безбедноста и економски развој.
На прес-конференцијата на самитот во Азија и Пацификот во Виетнам, Путин коментира дека ограничувањето на руските медиуми е напад врз слободата на говорот и додава дека реакциите на Русија ќе бидат пропорционални и реципрочни.
“Сакам да знаете за фактот дека нема – и нема како и да има – потврда дека руските медиуми интервенирале во предизборните кампањи” , коментира Путин.
Рускиот парламент предупреди во петокот дека некои американски и странски медиуми можат да бидат прогласени за “странски агенти” и се должни редовно да декларираат детали за финансирањето, финансии и персоналот.