Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден ден би можел да биде пријател со севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун, како и дека би било многу, многу убаво иако не е сигурен дека тоа ќе се случи.

Трамп тоа го кажа по состанокот во виетналмската престолнина Ханој со претседателот на Виетнам Тран Џаи Кванго, одговарајќи на прашање на новинарите дали може да замисли да биде пријател со ким.
„Тоа би можело да биде чудно, но е можно. Доколку се случи, тоа може да биде добра работа за Северна Кореја, тоа можам да ви кажам, но може да биде добро и за многу други места и за остатокот од светот“, рече Трамп.
Пред оваа изјава Трамп на Twitter напиша дека Ким го навредил со тоа што го нарекол стар и наведе дека тој никогаш не би го нарекол лидерот на Северна Кореја мал и дебел.
„Зошто Ким Јонг ун би ме навредувал нарекувајќи ме стар, кога јас никогаш не би го нарекол мал и дебел? Па добро, јас толку се трудам да бидам негов пријател – и можеби тоа ќе се случи еден ден“, напиша Трамп на Твитер.