Здружението на известувачи од Белата куќа изрази загриженост поради ограничениот пристап на новинарите до американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата азиска турнеја.

Новинарите и фоторепортерите, кои патуваат со Трамп, вчера не можеа да ги следат настаните на самитот на АПЕК во Виетнам. Само на  еден од новинарите (снимател) му беше дозволено да присуствува на вечерата во петокот.

 Во знак на протест, фоторепортерот на „Њујорк тајмс“, Даг Милс, објави на Твитер фотографија со црна кутија на која пишува: „Вака изгледа нашето фото покривање на Самитот на АПЕК во Дананг во Виетнам. Сосема е празно “.

Известувачите се пожалија дека Трамп не сакал да одговори на прашања во Кина.

Сепак, дел од американските медиуми напоменуваат дека Трамп одржа прес-конференции во Јапонија и Јужна Кореја, и дека долго разговарал со новинарите во претседателскиот авион во саботата.

Слични содржини