(ВИДЕО+ФОТО) Силен земјотрес од 7,2 степени по Рихтер на границата меѓу Ирак и Иран

од desk4
86 прегледи

Силен земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран на границата меѓу Ирак и Иран.

Ова го соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на потресот бил на 204 километри североисточно од главниот град на Ирак, Багдад и на 108 километри западно од Керманшах, Иран.

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри. По него има многу послаби земјотреси.

Во моментов нема податоци за жртви или материјална штета.