Општина Кисела Вода го одбележа Денот на ослободувањето на Скопје

од desk4
138 прегледи

Делегација од Општина Кисела Вода предводена од Градоначалникот Филип Темлковски денес беше дел од манифестацијата за одбележување на 73 годишнината од ослободувањето на Скопје. По повод 13 Ноември градоначалникот Темелковски заедно со претседателот на советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ положи свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта Бутел и пред споменикот на генералот Михајло Апостолски.

Свежо цвеќе положија и градоначалникот на Град Скопје, другите градоначалници од општините во главниот град, од дипломатскиот кор, од Минстерството за одбрана, од Генералштабот на АРМ, од Градскиот одбор на сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка борба, како и граѓани и институции.

Од таму, 73 годишнината од антифашистичката борба продолжи пред споменикот на ослободителите пред Владата на Република Македонија.