Реакција на „Хорекаши“: Припадниците на ЕБР наоружани до заби ги преплашија гостите во угостителските објекти

од desk4
76 прегледи

Здружението за заштита на правата на угостителите „Хорекаши“ реагира на акцијата на МВР и надлежните институции во угостителските објекти.

Тие ги поздравуваат напорите на институциите за доследно почитување на позитивните законски прописи, со што би се создале еднакви услови за сите угостители да ја вршат својата основна дејност, но реагираат на начинот на кој што се водеше акцијата.

– Посетени се повеќе од 40 објекти и најдени се неправилности во не повеќе од 18 објекти, од кои за 13 објекти е издадено решение за затварање. Во сите 40-тина објекти е нарушено редовното работење, а во многу и стопирано. Со тоа е нанесена огромна материјална штета и е нарушен угледот на истите објекти, посебно кај оние 30-тина каде не се најдени неправилности. Посебен акцент ставаме на предизвиканиот страв кај гостите од кои повеќето се странци загрижени за својата безбедност, кои вчудоневидени седеа во објектите спречени истите да ги напуштат од единиците на ЕБР наоружани до заби, за кои сите знаеме дека таму не им е место, велат од „Хорекаши“.