Обвинителството отвори предмет за никогаш неснимената, а платена серија „Македонија“

од desk2
63 прегледи

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по известување од Управата за финансиска полиција, отвори предистражна постапка во врска со договорот помеѓу Агенцијата за филм и продукциска куќа ангажирана за снимање на играна серија.

Надлежниот јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија за утврдување на фактите.

Издадени се повеќе насоки и наредби за прибирање на материјални докази поврзани со севкупната постапка за снимање на играната серија. Во оваа фаза од постапувањето веќе е доставен дел од бараните докази, а побарано е и нивно дополнување, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Вчера директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија информираше дека се поведени постапки пред сите надлежни институции поради, како што рече, очигледните прекршувања на потпишаниот договор од страна на видео продукцијата „Јадран филм“ за реализација на играна серија „Македонија“. Владата претходно донесе одлука да се раскине договорот тежок 4,6 милиони евра и да побара поврат на средствата.