СДСМ ќе достави амандмани на оние делови од предлог-законот за употреба на јазиците кои беа дискутабилни и предизвикаа дебата. Ова во вечершната Топ Тема на Ваша страна на Телма го најави координаторот на пшратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев. Тој притоа изјави дека веќе е формирана работна група од неколку пратеници од СДСМ кои ги изготвуваат амандманите.

„Ќе се делува амандмански токму во оние одредби кои беа дискутабилни, дали ќе имало двојазичност, далие било закон за двојазичност или за албанскиот јазик, или дали ќе имало двојазичност во Источна Македонија или во малите места, или двојазични за парите. Ќе ги допрецизираме законските одредби за да не може тој да се толкуваат вака или така“, рече Тунтев.
Влатко Ѓорчев во емисијата не кажа колку амандмани подготвува ВМРО-ДПМНЕ на предлог-законот за јазиците, но посочи дека со законот може да го загрози макеоднскиот јазик.
„Овој закон вака како што е предложен не нуди гаранации ниту механизми за заштита на македонскиот јазик, односно дека македонскиот јазик ќе го има оној статус кој што реално му припаѓа, како јазик за разбирање и комуникација меѓу граѓаните. Имаме ситуација во одредени општини каде што лице кое го користи македонскиот јазик не секогаш и не толку брзо може да ги оствари своите потреби и комуникации со институциите, онака како што би требало да ги оствари. Во тој дел мора да водиме сметка за македонскиот јазик “, рече Ѓорчев.
На ова му реплицираше Реџаил Исмаил од ДУИ кој рече дека со Уставот е уредено кој е службен јазик во Македонија – македонскиот и оној кој го зборуваат над 20 проценти од популацијата.
„Нема шанси да биде загрозен македонскиот јазик. Се држиме до амандманот 5 од Уставот каде е тоа регулирано и тој е многу јасен“, рече Исмаили.
Исмаили во Топ Тема на Ваша страна побара од колегите пратеници да внимаваат во амандманската расправа, поточно какви амандмани предлагаат, да не се излеземе од уставната рамки и потоа законот да биде прогласен за неуставен.
Исмаили одговарајќи му на Ѓорчев на тврдењето дека не е познато колку имплементацијата на законот ќе ја чини ги чини локалните самоуправи, но и државата, информираше дека во буџетот за 2018 предвидени се 119 милиони денари за негова имплементација на Законот.
Тунтев пак се надева дека опозицијата нема да го опструира носењето на законот за употреба на јазиците.