Тој е култен рапер, чие богатство е проценето на околу $ 190 милиони. За време на MTV Europe Music Awards во неделата ја освои деветтата награда за хип-хоп.
И додека Еминем сигурно има што да слави, не бележи особен успех на пазарот на недвижности, откако конечно го продаде својот чудесен имот во Детроит за $ 1,9 милиони. Тоа е помалку од половина сума за која го купил – 4,75 милиони долари
Неверојатниот имот не е нужно она што би го поврзале со познатиот рапер, со оглед на обоените завеси, мебелот од бор и чудните статуи на готвачи, кои можат да се најдат насекаде во објектот.
Светски познатиот изведувач, чие вистинско име е Маршал Матерс, го купи имотот во Рочестер Хилс – 30 милји јужно од неговиот роден град – Детроит, во 2003 година.
Куќата располага со пет посебни спални, базен, осветлени тениски игралишта и кошаркарски игралишта. Имотот, исто така, има безбедносна куќа и двоспратна одделна куќа за гости.
Според кажувањата, Еминем ретко живеел во зградата, откако ја купил, и го поминувал поголемиот дел од своето време во друг негов имот, кој се наоѓа во близина.
Специјалисти за недвижности велат дека имотот има потреба од некои подобрувања.
Ѕвездата сепак има некои поитни работи на кои се фокусира, бидејќи штотуку го промовираше новиот албум “Walk On Water” со учество на Бијонсе.
Зградата на Еминем може да се види во нашата галерија.