Поплави во населбата Тризла во Прилеп оштетија неколку куќи

од desk2
66 прегледи

Поради силните поројни дождови кои денеска го зафатија Прилеп, населбата Тризла беше погодена од поплави во кои настрадаа неколку куќи на улицата „Дебарца“.

По пријава на граѓаните, населбата ја посети и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски, како и екипите на ЈКП „Водовод и Канализација“, кои веднаш започнаа со расчистување на теренот од наносите, како и со расчитување на одводните канали што не се исчистени подолг период.

Жителите на оваа населба искажаа голема благодарност од навремената интервенција на Општина Прилеп и јавните претпријатија.