
Успешните тестирања на севернокорејските балистички и водородни ракети сведочат за тоа дека во случај на нужда Ким Јонг Ун може да издаде наредба за истрелување и експлозија на водородна бомба во вселената, пишува Contra Magazin.

Според изданието тоа ги загрижува САД, бидејќи сличен, голем електромагнетен импулс не само што ќе ги исфрли надвор од употреба голем дел од опремата во вселената, но дури ќе врати 90% од територијата на земјата во камено доба. Многу други места во светот, исто така, ќе останат без електрична енергија и витални системи.
Според изданието веќе се пресметани и штетите, како и примерниот број на жртвите од сличен обид, кој може да е со моќност од „десет Чернобил или Фукушима земени заедно“. Меѓу најзагрозените земји се Канада и Мексико. Ако таквото сценарио се оствари со лансирање на водородна бомба во вселената, ќе треба да поминат години за да закрепне светот од нанесените штети.