
Супермодел и нејзиниот сопруг, Еван, го чекаат своето прво дете.
Честитки им упатуваат на Миранда Кер и на нејзиниот актуелен сопруг Еван Спил со кого го очекуваат своето прво дете!
Супермодел ја сподели веста за среќниот настан, а нејзината портпаролка ја потврди за US Weekly:
„Миранда, Еван и Флин го очекуваат најновиот член на нивното семејство“. За Кер (34) ова ќе биде второ дете, а за Еван прво. Австралиската моделка го има 6-годишниот син Флин, кој го доби од бракот со Орландо Блум.
Миранда и 27-годишниот основач на Snapchat се венчаа во својот дом во Лос Анџелес во мај оваа година. Тие беа само една година во врска. И покрај разликата во возраста, Кер секогаш тврдела дека нејзиниот сопруг бил многу зрел за неговата возраст. „Тој не паѓа на забави.
Доаѓа рано. Ние не излегуваме многу и преферираме да вечераме дома и да си легнуваме рано “, коментираше во 2016 за The Edit убавицата.